Израел нападна повеќе од 150 точки во Газа

0
219

Израелската војска, од синоќа во Појасот Газа, кој е под опсада, гаѓаше повеќе од 150 точки, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Израелската војска се наведува дека од средата навечер се нападнати повеќе од 150 точки, на што од Газа е одговорено со 180 ракети.

Се додава дека 30 ракети лансирани од Појасот Газа се соборени со помош на одбранбениот систем „Железна купола“, а другите паднале на ненаселени подрачја во Израел.

Во претходното соопштение на Израелската војска се наведува дека од синоќа до утрово се изведени три брана напади.

Се додава дека во раните утрински часови авионите на Израелската војска нападнале повеќе од 20 положби на Хамас, меѓу кои се и кампови за обука.

Во нападите на Израел, изведени од синоќа во Газа, загинаа тројца Палестинци, меѓу кои една бремена жена и нејзиното 18-месечно дете, а најмалку 12 Палестинци се ранети.