Ердоган нареди замрзнување на имотот на американските министри во Турција

0
647

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган нареди замрзнување на имотот на министрите за правда и внатрешни работи на САД во Турција.
“Денес издавам налог: да им се замрзне имотот на американските министри за правда и внатрешни работи во Турција, доколку тие го имаат”, соопшти во саботата во Анкара Ердоган.
Тој истакна дека “чекорот кој Америка го направи во врска свештеникот Ендрју Крег Брунсон не се вклопува во стратешко партнерство”.
– Оние кои мислат дека со јазикот на закани и бесмислени санкции ќе ја принудат Турција да се повлече наназад, тогаш тие и не ја познаваат оваа земја, ниту овој народ. Америка, како Европа, не може да ја користи Турција како материјал за својата внатрешна политика – изјавил турскиот претседател.
И покрај сите тешкотии низ кои поминале, додаде, дека никогаш нема да направи чекор назад.
Ендрју Крег Брунсон беше уапсен на 9 декември 2016 година и оттогаш е во притвор. Тој е обвинет за делување и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и Фетулах (ФЕТО). И му се заканува казна до 35 години.
На барање на Обвинителот, на 18 јули судот во Измир му изрече мерка на притвор за време на главниот претрес, но поради неговите здравствени проблеми мерката била преиначена во домашен притвор.
Обвинението издадено од страна на обвинителството во Измир наведува дека контактирал со членовите на терористичката организација ФЕТО.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)