Швајцарија: Во паѓање на авион загинало цело семејство

0
600

Четворичлено семејство настрада кога мал авион се урна во шума во централниот дел на Швајцарија, соопшти полицијата.
Во изјавата на полицијата на кантонот Нидвалден, се прецизира дека авионот, кој полетал во Франција, паднал во близина на градот Хергисвил и дека притоа загина брачниот пар и нивните две деца.

Пред доаѓањето на спасувачкиот тим на локацијата, властите морале да испратат хеликоптер за да го изгаснат пожарот што избувнал по несреќата, додала полицијата.

АП пренесува дека причината за несреќата во моментот не е споменат.

Швајцарските власти започнаа истрага.

Извор:(Vijesti / Tanjug)