ЉУБЉАНА: Заради сомнителна торба евакуирана железничката и автобуска станица

0
322

Главната железничка станица во Љубљана и околните згради беа евакуирани денес заради сомнителна торба, меѓутоа во неа било пронајдено само облека.
Како што беше објавено од словенечката агенција СТА, ова се случило околу 7 часот, и заради тоа бил блокиран сообраќајот помеѓу железничката и автобуската станица.

Како се наведува, на терен излегол и специјален полициски тим за детонација на торбата, за која се испоставило дека е безопасна.