Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, состанокот со својот американски колега, Мајк Помпео,го отценил како конструктивен порачувајќи дека во наредниот период ќе соработуваат на заедно за решавање на проблемот, објави агенцијата Анадолу (АА).

По состанокот во Сингапур, турскиот министер изјавил дека во наредниот период блиско ќе соработува со цел решавање на проблемот.Чавушоглу верува дека може да има разлики во мислењето меѓу земјите, но дека Турција е секогаш за дипломатија, дијалог и заеднички договор.
“Реков дека заканите и санкциите не водат никаде. Денес тоа го повторивме. Мислам дека ме разбрал “, истакнал Чавушоглу, додавајќи,
“На состанокот со Помпео, разговаравме за тоа како да ги решиме проблемите и како да ги преземеме чекорите заедно.” Во таа смисла, можам да кажам дека тоа беше конструктивен состанок, но не може да се очекува да на еден состанок да се решат сите кризи и проблеми“.Исто така, разговарано било и за зајакнување на односите меѓу двете земји, работна група за борба против терористите на ПКК, како и ситуацијата во Идлиб.
Тој додаде дека денешната средба протекла во конструктивна атмосфера која била фокусирана на решавање на проблемот.