Двајцата водечки кандидати на оспорените претседателски избори во Зимбабве прогласија победа, додека нацијата со нетрпение го чека официјалното објавување на резултатите, три дена по гласањето.
Официјалните резултати сè уште не се објавени
Меѓународните набљудувачи ја повикаа изборната комисија да ги објави резултатите што е можно поскоро за да избегне понатамошно насилство откако тројца луѓе беа убиени во средата во судирите меѓу безбедносните сили и приврзаниците на опозицијата.
Лидерот на опозицијата Нелсон Чамис прогладоси победа, посочувајќи дека претседателот Еммерсон Мнангагва знае дека ги изгубил изборите, во спротивно резултатите досега ќе беа објавени.
Сепак, владејачката партија на Мнангагваина ЖАНУ-ПФ сугерира дека победата ќе биде негова.










