КАЛИФОРНИЈА: Заради пожари наредени нови евакуации

by Administrator

Властите наредија нови евакуации во северна Калифорнија, додека огнената стихија продолжува да напредува.
Наредбите беа издадени во четвртокот вечерта за регионот по должината на границата на националниот парк Мендочино и по должината на делови од границата помеѓу областите Лејк и Колус
Пожарите северно од Сан Франциско уништија 16 куќи и се заканија на повеќе од 8.000 згради. Државните пожарникари соопштија дека пожарите избувнале на стрмни терени и продолжиле да се шират.
KCRA-TV објави дека на околу 14.000 луѓе им е издадена наредба за евакуација.
За една недела, долгите пожари изгореа над 506 квадратни километри земјиште. Сузбиени се 39% од пожарите, меѓутоа американската служба за шуми соопшти дека тие продолжуваат брзо да се шират поради топлото, суво и ветровито време и сушна вегетација, објави Асошиетед прес.

https://youtu.be/Voxx8wHge7Y

You may also like