Воздушен удар: Израелски авиони усмртиле седум лица во близина на границата со Сирија

0
438

Израелските борбени авиони убија седум лица во близина на границата со Сирија во напад, соопшти армијата во четвртокот.
“Видовме седум вооружени лица, очигледно терористи”, изјавил после инцидентот израелскиот воен портпарол Џонатан Конрикус.
По нападот врз осомничените, армијата го пребара теренот и пронајде седум тела, заедно со пет пушки АК-47, како и експлозив и и гранати.
Вооружените лица можеби се обиделе да се инфилтрираат во Израел, додал Конрикус.
“Нашата проценка е дека тие припаѓале на Исламската држава”, изјавил портпарол на ИДФ.
Израел е загрижен за развојот на ситуацијата во соседна Сирија.