Иран ги осуди Американските санкции кон Турските министри

by Administrator

Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, го осуди воведувањето на санкциите на САД против двајцата турски министри.

Таквите мерки ја покажуваат “зависноста” на Вашингтон од санкциите, кои немаат граници, додал Зариф, објавија локалните медиуми.

-Незаконските санкции на САД против двајцата турски министри од сојузничката земја ја илустрираат не само политиката на притисок и изнудување на американската администрација, туку и зависност од санкциите кои немаат ограничување – истакнал иранскиот министер, пренесува Ксинхуа.

Оваа реакција на Зариф дојде откако Белата куќа во средата објави дека ќе воведе санкции за турскиот министер за правда, Абдуламит Гулу, и министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, во врска со американскиот пастор Ендрју Брансон.
Брансон во Турција живее повеќе од дваесет години и е обвинет дека им помагал на приврзаниците на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД, помогнал за време на неуспешниот државен удар во Турција во јули 2016 година.
Извор: Фена

You may also like