Пучдемонт можеби кандидат за ЕУ избори на белгиска листа

0
227

Карлес Пучдемонт, разрешениот поранешен претседател на Каталонија која од ноември минатата година живее во Белгија, би можел да се кандидира за европските избори за 2019 година на листата на владечката белгиска фламанска националистичка партија НВА.

Според белгиската агенција Белга, некои од лидерите на НВА сакаат да го стават на изборна листа Пучдемонт кој избега во Белгија откако беше осуден на затвор во Шпанија поради бунт и прогласувањето на независност на Каталонија по минатогодишните избори во овој шпански регион.

Извор од НВА за Белга вели дека Пучдемонт има малку шанси да биде избран доколку направи сопствена листа но ако е на листа на НВА лесно ќе добие пратеничко место во Европскиот парламент.

Фламанскиот весник “Het Laatste Nieuws” пишува дека овој маневар би и дозволил на да покаже на овој начин дека нејзината желба за независност на Фландрија е се уште присутна а и била одлична комуникациска акција, особено ако официјален Мадрид реагира на ваква вест.

Одлуката се уште не е донесена но  Пучдемонт наводно покажал интерес и сметал дека тоа може да има добри страни. Ако биде избран во Европскиот парламент ќе добие повторно пратенички имунитет и ќе се спаси од казната затвор која го чека во Шпанија.

Овој потег е сосема легален бидејќи во Белгија Пучдемонт беше ослободен од сите обвиненија што ги поднесе Шпанија а според ЕУ законите европските граѓани можат да бидат кандидати на избори во било која друга земја членка.

Извор:НоваТВ