Чавушоглу: На одлуката на САД за санкции на нашите министри нема да остане неодговорено

0
298

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, порачал дека на одлуката на американската администрација за воведување санкции за двајца турски министри нема да остане неодговорено, објави агенцијата Анадолу (АА).

“Нема да можеме да го решиме проблемот се додека американската администрација не свати дека на таков начин не може да ги исполни своите незаконски барања”, порачал Чавушоглу за Твитер.
Министерството за надворешни работи на Република Турција претходно упати остар протест на санкциите кои Министерството за финансии на САД ги објави синоќа.
– Ја повикуваме американската администрација да се откаже од оваа погрешна одлука. Без одлагање, со истата мерка ќе одговориме и на агресивниот пристап на САД, кој не придонесува за ништо, се вели во соопштението од Министерството.
Соопштение од Белата куќа
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека САД ќе воведат санкции за турскиот министер за правда, Абдуламит Ѓул, и министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, а причина за санкциите се тоа што американскиот свештеник Ендрју Брунсон сé уште не е ослободен поради судењето против него кое се води во Турција.
Со наредба на претседателот Трамп, Министерството за финансии на САД им изрекува санкции на турските министри за внатрешни работи и правда, кои учествуваа во процесот на апсење и притвор за свештеникот Брансон, изјавила Сандерс.
Таа објави дека имотот, на двајцата министри доколку постои вќе во САД ќе биде блокиран. Неодамна, Министерството за финансии на САД издаде писмена изјава во која се наведува дека турските министри Ѓул и Сојл биле ставени на листата санкционирани за нивната улога во апсењето и притворањето на свештеникот Брансон.
Соединетите Држави го замрзнува имотот на својата територија и ги забранува трговски односи со Американците за сите лица кои се наоѓаат на листата за санкции. Таков случај беше објавен и за двајца турски министри.
Обвинение и постапка против Брунсон
Ендрју Крег Брунсон беше уапсен на 9 декември 2016 година и оттогаш е во притвор. Тој е обвинет за делување и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и Фетулах (ФЕТО). Му се заканува затвоска казна до 35 години.
На барање на Обвинителот, на 18 јули судот во Измир му изрече мерка на притвор за време на главниот претрес, но поради неговите здравствени проблеми мерката била преиначена во домашен притвор.
Обвинението издадено од страна на обвинителството во Измир се наведува дека Бренсон контактирал со членовите на терористичката организација ФЕТО.
Покрај тоа, обеледенети биле и неговите пораки кои му ги испратил на американски војник во кои жали што пучот не успеал во Турција, кои членовите на ФЕТО се обидоа да ги извршат на 15 јули 2016 година.
– Очекувавме настаните да ја разнишаат Турција. Создадени се услови за враќање на Исус. Обидот за државен удар беше шок. Како и многупати порано, многу Турци им веруваа на армијата, но овојпат се беше предоцна. После обидот пуч, ова е ново нишање. Мислам дека ситуацијата ќе биде полоша. На крајот, ќе победиме – рекол Брунсон во порака до познаник во американската војска, која обвинителството ја вклучи во обвинението.
Обвинителството го товари Брунсон со соработници со истакнати претставници на терористички организации, меѓу кои и пребегнатиот “имам” на ФЕТО во егејскиот регион Бекир Баз, неговиот помошник Мурат Сафа и поранешниот заменик-амбасадор и приведениот и обвинет представбник на “Амнести интернешнал”, Танер Кичил. Обвинението тврди дека со таа група, Брунсон создал стратегија за соработка.
Иако Брунсон тврди дека не се состанал со таканаречениот “Егејски имам” Баз, техничката анализа покажала дека нивните GSM сигнали се совпаднале во 293 прилики.
Извор: фактор