Стотици Данци протестираа во Копенхаген, протестираa заради последната забрана заради најновата забрана за покривање на лицето во јавноста, обвинувајќи ја владата за кршење на правата на жените да се облекуваат онака како што сакаат.
Одредени учесници во протестите носеле хиџаби и бурка
Во Данска, забраната беше издадена во мај, што и овозможи на Данска да им се придружи на одредени земји на Европската унија кои усвоија такви забрани, објави Ројтерс.
Некои демонстранти носеа хиџаб и наметка, марширајќи од центарот на Копенхаген до полициска станица на работ на градот.
“Ние треба да испратиме сигнал до владата дека нема да дозволиме дискриминација и закон што особено влијае врз верските малцинства”, изјавил еден од членовите на протестите.
Според новиот закон, полицијата има право да им нареди на жените да ја тргнат марамата од нивните лица или да го напуштат јавно место, а казните за тоа се движат во висина од од 160 до 1.600 американски долари.










