Ердоган на џеназе намаз на убиената жена и бебе : Уште еднаш го видовме злото на теористичката ПКК

0
1293

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера присуствувал на џеназето на Нурчан Каракаје Nurcan (25) и нејзиното 11-месечно бебе Мустафа Бедиран, кои загинаа во завчерашниот терористички напад во југоисточна Турција.
Џеназето на убиените во терористичкиот напад од страна на терористите на ПКК беше извршено во Сивас, а турскиот претседател Ердоган изјави дека јавноста уште еднаш може да го види вистинското лице на беспомошна терористичка организација ПКК.
– Уште еднаш, видовме колку оваа сепаратистичка организација е подла и зла. Тоа се убијците на ова бебе и убијците на нашата сестра – изјавил Ердоган.
Тој рекол дека Турција цврсто ќе ја продолжи борбата против сите терористички организации, вклучително и ПКК, ФЕТО и ИСИС.
Тој, исто така, рече дека, како претседател на државата, ќе ја одобри смртната казна во Турција, ако тоа Собранието претходно го изгласа.
На џеназето во Саркисла во Сивас присуствувале неколку илјади луѓе, а турскиот претседател Ердоган изрази сочувство до турскиот војник Серкан Каракај, чија жена и бебе денес беа погребани.
На последното испраќање на свирепо убиенана жена и бебе присуствуваа и Турскиот министер за правда Сулејман Сојлу, министерот за одбрана Хулуси Акар и министерот за труд, социјална грижа и семејство Зехра Зумрут Селчук.
Извор: faktor