Полицијата во текот на истрагата во редовите на екстремната десничарска сцена во Германија, наишла на список со имиња на таканаречени “непријатели” каде, покрај името и презимето, имало и адреси и телефонски броеви, објавија медиумите во мрежата на Redaction Network of Germany во вторникот.
Полицијата пронашла листа на имиња во провинцијата Мекленбург-Ворпоммерн.
Покрај веќе познатата листа од околу 10.000 имиња на “политички непријатели” која е пронајдени за време на долгогодишната истрага против терористичката група Национал-социјалистичко подземје (НСУ), минатата година полицијата пронашла нова листа на “политички непријатели“ од околу 25.000 имиња во сојузната покраина Мекленбург-Ворпоммерн кои треба да се ликвидираат во “кризен случај”.
Тоа на барање на претставничкиот клуб на партијата Љевица,го соопштило од Министерството за правда. Министерството не може да го процени степенот на конкретната опасност од владите за лицата на листите.
Германската асоцијација на новинари го повика Федералното биро за борба против криминалот “веднаш да ги информира” новинарите кои се наоѓаат на листите.
Извор: Фена











