Руската војска ќе набави 26 нови воени бродови: Четири ќе носат крстосувачки ракети “ Калибр“

0
466

Русија ова година ќе ја зајакне својата воена флота со нови 26 бродови од кои четирите ќе бидат опремени со ракети “Калибр”, објави во неделата рускиот претседател Владимир Путин.

– Севкупно, морнарицата во 2018 година ќе биде побогата за 26 нови бродови, од кои четирите ќе носат крстосувачки проектили на Калибр – изјавил Путин на поморската прослава во Санкт Петербург.

Ракетите “Калибр”, со дострел од 1900 километри, се еквивалентни на американските ракети “Томахавк” а последните години биле користени во руските воздушни напади и цели во Сирија. Лансирани се од руските воени бродови стационирани во Медитеранот.

Командантот на црноморската руска флота стационирана во Севастопол, вице-адмиралот Александар Моисеев, рече дека неговите сили ќе бидат зајакнати за шест нови бродови до крајот на годината.

Во неделата наутро, Путин присуствувал на големата парада на реката Неви, во која учествуваа 39 бродови, 40 борбени авиони и хеликоптери, и околу 4.000 војници.
Извор: Index.hr