Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја презеде политичката одговорност за пожарите во кои загинаа најмалку 87 лица и го предизвикаа критики кај опозицијата дека владата не е успеала да ги заштити човечките животи.Ривалите на Ципрас започнаа да го напаѓаат премиерот во петокот, на крајот од тридневната жалост, обвинувајќи ја владата дека дури и не се извинила за трагедијата.
Во обид да се одбрани од бесот на јавноста, Ципрас им рекол на министрите дека се сомневал во тоа дали релевантните служби направиле доволно за да одговорат на катастрофата.
“Денес ве повикав за да ја преземам целосната политичка одговорност за оваа трагедија во име на својата влада и грчкиот народ”, изјавил Ципрас.
“Нема да кријам дека имам поделени чувства… Болка, празнини заради сите изгубени човечки животи. Ама, исто така ме мачи и тоа дали направивме доволно “, додал тој.
Министерот за цивилна заштита, Никос Тоскас, за медиумите изјавил дека владата верува дека пожарите, кои заробиле десетици луѓе во автомобилот во обид да избегаат, биле подметнати.
Критичарите на политиката го одразуваат гневот на преживеаните. “Нё оставија сами да гориме како глувци“ изјавила Криса, еден од преживеаните од Матија. “Никој не дојде да се извини, да поднесе оставка, никој”.
Тоскас изјавил дека на премиерот му ја понудил својата оставка меѓутоа премиерот, Ципрас ја одбил.
Извор:(Vijesti)











