Во интервенција на изралеските војници во текот на мирните протести на подрачјето на Појасот Газа загинаа два Палестинци, од кои едното е младо момче, јави агенцијата Анадолу (АА).
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека вкупно 246 Палестинци биле повредени за време на интервенцијата на израелски војници, од кои некои со 90 со боева муниција.
Претходно министерството соопшти дека 43-годишниот Гази Абу Мустафа починал откако претходно претрпел повреди во нападот на израелските војници на источната граница на градот Хан Јунис, додека на истокот е убиен 14-годишниот Мајди ес-Сатари, кого израелските војници го погодиле во пределот на главата.
Израелските војници и понатаму ги напаѓаат палестинските демонстранти, користејќи воена муниција и солзавец.
Почнувајќи од 30 март оваа година, кога започнаа митинзите долж тампон-зоната, 154 Палестинци беа убиени, а илјадници беа повредени во нападите од страна на израелската армија која користи и боева муниција.
Демонстрантите бараат “право да се вратат” во нивните домови и села во историска Палестина, од која беа протерани во 1948 година, со што Израел би воспоставил сопствена држава. Тие, исто така, бараат укинување на 11-годишниот појас Газа.
Извор:Faktor











