Трамп му се закани со санкции и на Турција

0
601

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ќе бидат наметнати големи санкции за Турција, ако не биде ослободен американскиот свештеник Ендрју Крег Брунсон, на кого во Турција му се суди за шпионажа и дејствување во име на ПКК и ФЕТО, јави агенцијата Анадолу (АА).

-САД на Турција ќе и воведе оспежни санкции, заради тоа што долго време во притвор го држи свештеникот Ендрјус Брансон, голем христијанин, татко и прекрасен човек. Овој невин религиозен поглавар мора веднаш да биде ослободен – изјавил Трамп на Твитер.
Американскиот заменик-претседател Мајк Пенс, исто така, ја испрати истата закана за Турција.
“Ако Турција веднаш не го ослободи свештеникот Ендрјус Брансон и не го испрати дома во Америка, САД ќе воведат значителни санкции сè додека овој невин верски лидер не биде ослободен”, изјавил Пенс.
Потсетуваме на американскиот свештеник Ендрју Крег Брунсон, на кого му се суди во Измир, Турција, за шпионажа и дејствување во име на ПКК и ФЕТО, одредениот притвор вчера му беше преиначен во домашен притвор.
Брунсон беше уапсен кон крајот на 2016 година и сега е во притвор. Тој е обвинет за дела и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и Фетулахчи (ФЕТО).
На барање на обвинителството, судот во Измир на 18 јули ја изрекол мерката притвор за време на судењето, но поради неговите здравствени проблеми таа мерка била преиначена во куќен притвор.
Обвинението тврди дека тој контактирал со членовите на терористичката организација ФЕТО. Покрај тоа, наведени се и неговите пораки дека му е жал што не успеал државен ударо Турција, кого припадниците на ФЕТО се обидоа да ги извршат на 15 јули 2016 година.
Му се заканува затворска казна од 35 години.