Отказ за карикатуристот кој Нетанјаху го нацртал во лик на “свиња“

0
732

Израелскиот весник “Ерусалим пост” ја прекина соработката со карикатуристот, кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и пратениците на неговата партија, Ликуд, ги нацртал во лик на “свињи”.

Ави Kац, како независен карикатурист, работел за магазинот “Jerusalem Report”, кој е во сопственост на весникот на “Jerusalem Post”, а магазинот ја прекинал соработката откако нацртал карикатура со која го исмејува Нетанјаху и пратениците од редовите на партијата Ликуд.Челниците на “Ерусалим пост” изјавиле магазиноѕ ваквата одлука ја донел заради “Личните ставови на Кац“.

Од друга страна, Здружението на новинари реагираше и побара од израелскит магазин да ја преиспита одлуката да престане да работи со карикатуристот.
Кац, со контроверзниот цртан филм, имал намера да го критикува законот за “еврејска национална држава” неодамна усвоен од израелскиот парламент.