ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МОСКВА: “Доколку Шведска и Финска влезат во НАТО“, Русија ќе одговори

0
731

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шоигу, денеска изјави дека Москва “ќе реагира реципрочно” доколку Шведска и Финска се приклучат на НАТО-алијансата. Тој посочи дека ова ќе ја намали глобалната безбедност, објави Ројтерс, повикувајќи се на Интерфакс.

Шојгу, исто така, рекол дека минатонеделниот самит во Хелсинки меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин може да доведе до подлабока воена соработка меѓу Русија и САД, како и земјите-членки на НАТО.
Русија ја зајакнува западната граница со 70 воени единици
Повеќе од 70 единици се формирани од 2016 година во Западниот воен округ, рекол рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, на седницата на колегиумот на Министерството за одбрана.
“Ситуацијата во западната стратешка насока бара континуирано подобрување на борбената структура на силите и нивните касарни. За таа цел, од 2016 година се формирани повеќе од 70 воени единици, вклучувајќи две дивизии и три бригади “, рекол Шојгу.
Според него, потребна е инфраструктура за нивно распоредување, а до крајот на годината се планира да се воведат повеќе од 350 објекти во експлоатација.
“Околу 5000 нови и модернизирани оружја и воена опрема беа испорачани во воената област, со што беше дозволено да се зголеми модернизацијата со модерното оружје од 39 на 54 отсто”, надополнил тој.
5 центри за сајбер-операции отворени во Европа
Министерот изразил надеж дека Самитот Русија-САД ќе даде поттик за посилна воена соработка со Вашингтон и земјите од НАТО.
“Јакнењето на контингентот на НАТО надвор од регионалните држави во Источна Европа продолжува. Од 2014 година, нивниот број е зголемен од 2 до 15 илјади војници “, рече Шојгу и додаде дека бројот на воени вежби е зголемен. Од почетокот на годината беа спроведени повеќе од 100 воени вежби во кои учествуваа 80 илјади луѓе.
Тој рече дека со помош на САД во Европа се отворени 5 центри за сајбер-операции – во Финска, Естонија, Полска, Германија и Франција.
“Реинтеграцијата во структурата на НАТО на Финска и Шведска е причина за загриженост”, рекол тој.
“Таквите чекори од страна на западните колеги доведоа до уништување на постојниот безбедносен систем во светот, создавајќи уште поголема недоверба, принудувајќи ни да преземеме реципрочни мерки”, заклучи тој.