Неколку стотици луѓе исчезнаа денеска во Лаос, еден ден по пукањето на хидроцентрала во изградба, соопштија локалните власти, а пренесува АФП. Браната што се наоѓа на југозападниот дел на Лаос, во близина на границата со Виетнам, минатата ноќ се срушила, што предизвикало излевање на околу пет милијарди кубни метри вода. Досега непознат број луѓе загинаа, а неколку стотици исчезнаа.
“Неколку илјади куќи беа целосно уништени во оваа катастрофа”, пренесе новинската агенција на Лаос.
Британската телевизиска мрежа Би-Би-Си објави дека шест села во провинцијата Атеп поплавени после пукањето на браната и додаде дека без куќи имало повеќе од 6.600 луѓе.
Во Лаос во моментов се градат неколку десетици брани, кои ја извезуваат својата хидроелектрична моќ на соседите, особено во Тајланд. Рушената брана претставува проект вреден над една милијарда долари и се гради од 2013 година.
Овој центар со големина од 410 мегавати требаше да произведува струја од 2019 година, а 90 отсто од тоа производство беше наменето за Тајланд.
Many people loosing their lives, homes and rice fields. #Attapue #Flood #Laos #Damcollapsed #StaystrongAttapue pic.twitter.com/Wt8IHkO8mt
— Zeno (@Zeno7Inc) July 24, 2018










