Огромен камен од древниот Ѕид на плачот во Ерусалим паднал на блиското место за молитва, и, за среќа, никој не бил повреден.
Градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат, изјавил дека е “големо чудо” тоа што еден камен од 100 килограми паднал во близина на лицето што се молело и не ја повредило.
Рабинот на Зида го плачот Смуел Рабиновиќ, изјавил дека ова е многу невообичаен настан што не се случил со децении.
נס בעזרת ישראל.
אם היה קורה אתמול כשהיו הרבה מתפללים היה יכול להיות אסון. pic.twitter.com/mnAaQ0QpvF— Roey Shabtay (@roeysh) July 23, 2018
Тој изјавил дека каменот можеби со години бил загризен од растенија или влага.
Ѕидот на плачот, остатокот од поранешниот комплекс на библиски храмови, е најсветото место за молитва за Евреите.
Просторот на кој паднал каменот е ограден заради одржување.











