Муслиманите добиваат автономија на Филипините

0
393

Се очекува филипинскиот претседател во понеделник да го потпише законот со кој на муслиманското малцинство на островот Минданао ќе му овозможи автономија. Со тоа Родриго Дутерте ќе ја заврши 40-годишната војна за независноста на јужниот дел на земјата, која однесе повеќе од 100.000 животи. Оваа област е дом на бунтовничката група Исламски ослободителен фронт Моро.