НОВ РЕКОРД ВО ДУБАИ: Најголема сложувалка на светот (Фото)

0
389

Најголемата сложувалка во светот беше направена на првиот јули викенд во Дубаи. На неа се наоѓа ликот на Шеикот Зајед, основачот на Обединетите Арапски Емирати, во чест на јубилејот – Година на Зајед кој се слави до крајот на декември 2018 година. Сложувачката се наоѓа во ДМЦЦ во Дубаи и се протега на 6.000 квадратни метри и е направена од 12.000 делови.
Претходниот светски рекорд имаше Хонг Конг, со сложувалка која беше направена во 2002 година и се простираше на 5.428,8 квадратни метри.
Кога станува збор за бројот на делови, рекордот продолжува да го држи Виетнам; оваа сложувалка претставуваше цвет од лотос и се состоеше од околу 550.000 парчиња.

До крајот на 2018, Обединетите Арапски Емирати ќе ја одбележат “Година на Зајед” со истакнување на улогата на починатиот лидер во формирањето на федерациите на ОАЕ и нивните локални, регионални и меѓународни достигнувања.
Шеик Зајед бин Султан Ал Нахјан ги постави темелите на модерниот развој во сите сектори на ОАЕ. Тој направи значителен придонес за иницијативите кои се признаваат не само во регионот на Емирати и во Заливот, туку и во целиот арапски свет, како и на меѓународно ниво, на кои Емираќаните се особено горди. Исто така, со неговата мудра политика, Шеик Зајед создаде цврсти темели на силна и единствена нација која во исто време се потпира на барањата на модерниот свет и го зачувува културното наследство на ОАЕ. Овој ефективен модел е извор на инспирација за сите земји кои се стремат кон напредок и брз развој.
– Годината на Заједа е национална прилика кога со гордост ги споделуваме сеќавањата за животот на нашиот основач и неговите напори за создавање и зачувување на националните вредности, принципи и традиции кои станаа дел од нашиот идентитет – истакнал претседателот на ОАЕ.
Тој ги повика сите жители на Емиратите да ги поддржат благородните вредности за наследството на Шеик Зајед бин Султан Ал Нахјан, вклучувајќи ја мудроста, почитта, лојалноста, одлучносат, чувство на припадност кон нацијата, единство и солидарност за градење и зачувување на прогресивно, стабилно, сигурно и пред сé сигурно општество .

Шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан беше во вистинска смисла на тој збор, возљубен владетел. На крајот на 1960-тите, тој ангажирал јапонски архитект за изградба на Абу Даби, кој ја добил титулата на главниот град на ОАЕ. И покрај неговото големо богатство, тој често знаеше дека ќе оди “меѓу обичниот свет” за да види дали неговите луѓе живееле добро.
– Тој скромно и лично проверуваше што им е потребно на луѓето, – открива владетелот на Дубаи, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум. – Одеше на домашни посети, создавајќи уникатна и неразделна врска со граѓаните на Емиратите, и на тој начин стана инспирација за многумина во регионот на Заливот и во светот. Тој направи точни и фер одлуки, и создаде основа за успешна и ефикасна администрација што ја имаме денес, и која ќе се усовршиме од ден на ден. Шеик Зајед бин Султан Ал Нахјан ни даде волја и решителност да ги прифатиме сите предизвици и да го постигнеме она што изгледаше невозможно. Затоа сме сигурни дека сме способни да станеме една од најдобрите земји во светот.

BIRO