АК Парти за одлуката на Озил: Германија зборува за интеграција, а целта е асимилација

0
782

Портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој, (АК Парти) Махир Унал, го коментираше случајот на Месут Озил, германски фудбалер со потекло од Турција, кој вчера изјави дека ја напушта репрезентацијата на Германија, јави агенцијата Анадолу (АА).

– За жал, постои криза особено од аспект на Европа. Во овој момент, Европската унија (ЕУ) е во конфликт со универзалните вредности на кои и самата стигна. Ова е особено вознемирувачки. За жал, основните човечки и универзални вредности на кои Европа застана, се претворија во расизам, дискриминација и отуѓување. Последниот таков случај е Месут Озил. Неговата реакција е крајно соодветна и оправдана -изјавил Унал во своето обраќање пред медиумите за време на паузата на состанокот на претставниците на АК партијата во Анкара.

Тој додаде дека во Германија се зборува за процесите на интеграција, напоменубвајќи дека сепак крајна цел е “асимилација”.
– Германија зборува за интеграција, меѓутоа постапките и ставовите после изјавите на Озил покажуваат дека под приказната за интеграцијата лежи целта на асимилација. Ова никако не може да се прифати “, истакнал Унал.

На крајот, тој истакна дека Република Турција ќе продолжи да се залага за вредностите врз кои е изградено човештвото, додавајќи дека луѓето не треба да бидат предмет на дискриминација врз основа на јазикот, религијата, увереноста и бојата на кожата.
Германскиот фудбалер Месут Озил вчера изјави дека ја напушта германската фудбалска реперзентација.

Озил на социјалната мрежа напиша дека одлучил да ја заврши својата кариера во репрезентацијата, чиј дрес го носел 92 пати од 2009 и постигнал 23 гола. Тој го освои Светското првенство со Елф во 2014 година, а тимот од 2010 година го освои третото место.

– Не можам да ја претставувам Германија на меѓународно ниво додека се соочувам со расизам и непочитување. Додека го носев германскиот дрес,чувствував гордост и возбуда, но повеќе не го чувствувам тоа. Оваа одлука беше многу тешка, бидејќи целосно се посветив на соиграчите, тренерите и германската нација – ја објаснил Озил својата одлука.

Извор:faktor