Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска го информирал парламентот дека нема да предложи мандатар за новата влада, бидејќи потенцијалните кандидати за оваа должност признале дека досега не успеале да го соберат потребното мнозинство од 46 пратеници во 90-членото Национално собрание.
По изборите што се одржаа на 3 јуни, Пахор му го понуди мандатот на Јанез Јанша, чија словенечка демократска партија (СДС) освои 25 места, меѓутоа тој го одбил мандатот, признавајќи дека за избор на премиер и своја влада во парламентот немал потребните коалициски партнери и 46, иако се надева дека оваа “следната недела” би можело да се промени.
Во писмото кое претседателот Пахор во понеделникот го упатил до претседателот на парламентот, Матеј Тонин, го информирал за неуспехот на преговорите со потенцијалните коалициони партнери, иако оваа недела продолжува со обидите да го обезбеди мнозинството со неизвесен исход.
Ваквата пост-изборна ситуација во Словенија останува нерешена повеќе од еден месец и половина по изборите, со неизвесни изгледи за формирање влада.
Пахор предложи во писмото до Тонин дека седницата, во која парламентот ќе биде информиран за актуелната ситуација, треба да се одржи што е можно побрзо, со цел државата да добие стабилна влада што е можно поскоро, со цел да се отстрани заканувачката можност за предвремени избори на есен ако решението не се најде.
Парламентарната седница се очекува да се одржи в петок, по што е објавен двонеделен краен рок, во кој кандидатите за мандатот може повторно да бидат номинирани од страна на претседателот на државата, како и парламентарните партии и групи кои собираат 10 претставнички потписи. Во меѓувреме, се очекува продолжување на преговорите за коалиција и новата консултација на претставничките клубови со претседателот на земјата, објави Хина.











