АВГАНИСТАН: Во експлозија во близина на аеродром во Кабул загинале 14 лица

0
266

Во експлозија во близина на аеродром во Кабул, Авганистан, загина најмалку 14 лица и ранија 60 луѓе, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Вахид Маџрох.

До силна експлозија се случи во неделата, кратко време откако на аеродромот слета авион во кој се наоѓал првиот заменик на авганистанскиот претседател Рашид Достум. Тој, после предстојот во Турција, се враќал во Авганистан.
Маџрох изјавил дека состојбата на некои повредени лица е критична. Еден од советниците на Достум за Анадолу изјави дека меѓу загинатите има и членови на безбедноста на првиот заменик на авганистанскиот претседател.
По инцидентот, Достум изјавил дека станува збор за самоубиствен напад и дека девет припадници на безбедносната служба биле убиени и повредени.
Извор: faktor/AA