Првиот човек на Иран му порача на Трамп: Не се играјте со опашката на лавот, ќе зажалите

0
1017

Иранскиот претседател Хасан Рохани испратил остри предупредување до американскиот претседател Доналд Трамп.
“Г-дин Трамп, не играјте се со опашката на лавот, заради тоа можете да зажалите. Америка треба да знае дека мирот со Иран е мајка на секој мир, а војната со Иран е мајка на сите војни “, изјавил Рохани.

Потсетуваме, највисокиот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеј, вчера изјави дека би била очигледна грешка да се преговара со САД, бидејќи е невозможно да се потпре на Вашингтон и додаде дека го поддржува предлогот за блокирање на извозот на нафта за земјите од Заливот ако иранскиот извоз на нафта биде укинат.
“На збор, па дури и на потпис на Американците не може да се потпрете, така да преговорите со Америка не се од корист”, истакнал Хамнеи на состанокот со официјални лица од Министерството за надворешни работи на Иран.
Тој додаде дека преговорите со САД ќе бидат “очигледна грешка”.

Хамнеи, исто така, го поддржа предлогот на Рохани за можна блокада на извозот на нафта од земјите на Персискиот Залив, доколку дојде до блокада на извоз на нафта од Иран. “Ова е важен предлог кој ја одразува политиката и пристапот на иранскиот систем”, наведил Хамнеи на официјалната веб-страница.

Извор:cdm