Драматични снимки / Хорор во Америка: Неколку торнада уништија повеќе градови

0
614

Американската федерална држава Ајова ја погодија неколку торнада кои зад себе оставија пустош.
Најмалку 17 лица се повредени и е предизвикана катастрофална штета, објавија американските медиуми.
На интернет беа објавени страшни видео снимки од торнадата кои ги погодија градовите Маршалтаун, Пела и Бондарант.
Десет лица беа повредени во Маршалтаун и седум во фабрика во близина на Пеле.
Најлошо било во Маршалтаун, град со 27.000 жители, каде што торнадото ги откорнало покривите на зградите, ја урнало куполата од судската зграда а оштетена била и локалната болница.