Израел најави продолжување на нападите на Газа

0
274

Израелската армија соопшти дека ќе продолжи со авиони да ја напаѓа Газа со авиони, тенкови и артилерија.

Неименуван израелски представник на војската изјави дека прво бил отворен оган на израелските војници од пограничната област Газа, по што израелската армија започнала со напад врз Газа, објави агенцијата Анадолу.
Тој посочи дека израелските воени авиони продолжиле со летови над Газа, не давајќи детали за тоа кога би можела да се заврши воената операција.
Од друга страна, во изјавата на израелската армија се тврди дека нападите врз воените бази и тенкови на Хамас биле широко распространети напади.
Се додава дека израелската армија е во режим на подготвеност.
– Хамас одлучи тензиите да скалираат и дека заради тоа ќе ги сносат последиците од ваквите дејства. Израелската армија сега започнува напад врз различни места (во Газа) – се вели во соопштението.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа командата на Генералштабот на вооружените сили на Израел во Тел Авив, од каде што следи дејството на нападот.
Инаку, четири Палестинци загинаа во нападите на израелската армија врз Газа.
Потсетуваме, најмалку 142 палестински демонстранти беа убиени, а 16.496 беа повредени во интервенциите на израелските безбедносни сили од почетокот на масовните протести на Палестинците на границата во Газа на 30 март.
Извор: faktor