Израелскиот министер за одбрана Лиеберман се заканува со “болна офанзива“ за Појасот Газа

0
344

Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, предупреди дека ослободувањето на запаливи змејови и балони од појасот Газа ќе го принуди Израел да започне голем напад врз енклавата под контролата на Хамас, објави агенцијата Анадолу (АА).

“Хамас нè води до ситуација во која нема да имаме друг избор освен да започнеме голема и болна воена операција”, ги цитира зборовите на Либерман израелскиот дневник на хебрејски јазик “Yedioth Ahronoth”.
Во изминатите неколку недели палестинските активисти од појасот Газа пуштаа “запаливи змејови и балони” во рамките на националните собири кои се одржуваат во заштитната зона.
Според израелските официјални претставници, импровизираното воздушно оружје предизвикало голем број пожари на територијата на Израел, што доведе до значителна материјална штета, но дури и смртни случаи.
“Секој разумен човек кој гледа изгорена фарма ја разбира неприфатливата природа на ситуацијата”, им изјавил Либерман на групата Израелци кои живеат во близина на заштитната зона меѓу Појасот Газа и Израел.
Од почетокот на собирот по безбедносната зона на 30 март оваа година, повеќе од 140 Палестинци беа убиени, а илјадници беа повредени во огнените арени на израелската армија.
Демонстрантите бараат “право да се вратат” во нивните домови и села во историска Палестина, од која тие биле протерани во 1948 година за да се основа државата Израел. Тие, исто така, сакаат да се укине 11-годишната блокада на Појасот Газа.
Извор: faktor