Новиот израелски закон ги занемарува нормите на меѓународното право

0
275

Турското Министерство за надворешни работи го осуди новиот закон за Израел како национална држава на еврејскиот народ, тврдејќи дека “ги занемарува” нормите на меѓународното право.
– Законот за еврејската држава усвоен во израелскиот парламент ги игнорира нормите на меѓународното право и ги игнорира правата на Палестинците – се вели во соопштението на министерството.

Турција ја повика меѓународната заедница да се спротивстави на законот и нагласува дека таков закон може да значи крај на решението за две држави, објави палестинската новинска агенција Вафа.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)