Во израелски воздушен напад на појасот Газа убиен е Палестинец, а ти лица се повредени, изјави официјален претставник на Министерството на палестинската територија.
Израелската армија објави дека цел на нападите биле екстремисти кои преку границата со Газа и Израел испуштале балони со запалив материјал.
Во Израел секојдневно избувнуваат пожари предизвикани од змејови и балони со запаливи направи, известува Радио Слободна Европа.
Палестинците кои ги пуштаат од појасот Газа предизвикуваат голема штета на шумите и културите на југот на Израел, а во пожарите страдале диви животни и добиток.
Израелската армија често ги гаѓа места од каде што Палестинците пуштаат змејови и балони, но до сега немало жртви. Засега не е познато дали денешниот инцидент е промена во тактиката.
Ослободувањето на запаливи уреди е дел од кампањата предводена од представниците на организација Хамас.
Околу 140 Палестинци загинаа во протестите долж границите на Газа и Израел, кои се одржуваат од крајот на март еднаш неделно.
Израел го обвинува Хамас за овој несреќен исход.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










