АБУ ДАБИ, 19 јули 2018 година (WAM) – Кинескиот претседател Кси Јинпинг од денес пристигна во тридневната државна посета на Обединетите Арапски Емирати во придружба на првата дама Пенг Лијуан.
Со највисоки државни почести тој беше пречекан од шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател, премиер и владетел на Дубаи, и неговото височество шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, престолонаследникот на Абу Даби и заменик-врховен командант на вооружените сили на Обединетите Арапски Емирати. Во текот на тридневната посета предвидено е да се разговара за развојот на билатералните и економски односи помеѓу двете земји.


Извор:WAM / Rola Alghoul / MOHD AAMIR









