Турција најостро го осудува законот за „национална држава на еврејскиот народ“

by Administrator

Ибрахим Калин, портпаролот на кабинетот на претседателот на државата рече дека Турција најостро го осудува законот за „национална држава на еврејскиот народ“ кој беше усвоен од страна на израелскиот парламент Кнесет.

Портпаролот Калин рече дека најостро го осудуваме законот за „национална држава на еврејскиот народ“.

Неприфатлив е овој расистички потег за бришење на законското право на Палестинскиот народ од нивната татковина.

Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира и да го осуди овој чин кој се случува пред вниманието на светската јавност, рече Калин.

 

You may also like