(Видео) После 113 години: Пронајден руски брод со богатство од 100 милијарди фунти

0
454

Рускиот воен брод, потонат пред 113 години, беше откриен во близина на брегот на Јужна Кореја, а истражувачите веруваат дека на него се наоѓа злато вредно повеќе од 100 милијарди фунти.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=QEFId25LMk0[/embedyt]
Оклопниот крстосувач на рускиот император Димитриј Донски беше потопен по битката кај Јапонија во 1905 година, а остатоците беа пронајдени на само еден километар од јужниот брег на Уленгдоа, на длабочина од околу 500 метри.
Бродот бил пронајден од страна на истражувачи од Јужна Кореја, Велика Британија и Канада, а со помош на мала подморница ја снимиле палубата, топовите и сидрата, додека страничниот дел сè уште е читливо името на бродот. Димитриј Донски, крстосувач од шест илјади тони, беше пуштен во Санкт Петербург во 1883 година и бил придвижуван од котли на јаглен, како и три јарболи.
Голем дел од руската империјална флота беше потопен по битката кај Цушима, а Димитриј Донски, кој превезуваше околу 200 тони златни шипки и монети, беше потопен кога отплови кон Владивосток. Притоа 60 од 591 членови на екипажот загинаа.
Компанијата Shinil има намера да го преземе бродот, а веќе објави дека половина од тоа ќе и го врати на руската влада.