Израелскиот парламент усвои контраверзен закон за национална еврејска држава и деградира статусот на арапскиот јазик

0
284

Израелскиот парламент денес го усвои законот со кој Израел се дефинира како национална држава на еврејската нација и го деградира статусот на арапскиот јазик од официјалниот на “јазик со посебен статус”, заокружувајќи го долготрајното инсистирање на десничарски пратеници што предизвика згрозување на изралески групи за граѓански слободи.Предлог-законот, усвоен со 62 спрема 55 гласови, бил поздравен од пратениците на владејачката коалиција.

Таканаречениот “Основен закон” ќе претставува основа на израелскиот правосуден систем.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху го нарече гласањето “одлучувачки момент во историјата на ционизмот”.

Меѓутоа, израелските Арапи, групите за граѓански слободи и опозициските партии го осудија законот како поткопување на демократскиот карактер на Израел со својот еврејски карактер на сметка на малцинствата.

– Предлогот на законот го отвора патот до практиките што доведуваат до расна дискриминација во сите области на животот кон малцинствата – рече Здружението за граѓански права во Израел.

Најконтроверзната клаузула на законот – која дозволува дискриминација на престој на верска и национална основа – отстранета е од предлогот.

Израел нема устав и долго време изведуваше деликатно балансирање меѓу нејзиниот еврејски карактер и посветеност од Декларацијата за независност до “целосно и рамноправно граѓанство” за сите нејзини граѓани.

Дваесет проценти од израелските граѓани се Арапи.

Ахмад Тиби, водечкиот арапски заменик во израелскиот парламент, го нарече законот “ отфрлање на демократските принципи во Израел”, објави ДПА.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)