Во Иранската престолнина, Техеран, постои несекојдневна кафетерија каде што работат млади луѓе со Даунов синдром и лице со аутизам, пишува Агенцијата Анадолу (АА).
Кафетеријата “Downtism” е многу популарно место за сите генерации, од млади луѓе до луѓе во повеќе подоцнежни години.
Сите услуги на гостите на ова кафе се обезбедени од лица со Даунов синдром и лица со аутизам.
Покрај тоа, младите луѓе со Даунов синдром и аутизмот во кафулето исто така свират на инструменти, вклучувајќи пијано, со што се создава убав и пријатен амбиент.
Гости истакнуваат дека луѓето кои работат во кафетеријата ги сметаат за големи пријатели со кои често зборуваат за разни теми.
Извор: Анадолу









