Европската погранична и крајбрежна стража, наскоро ќе може да се распореди во Македонија

0
460

Европската комисија и Македонија во средата го парафираа договор во Брисел, со што ќе им се овозможи на европската крајбрежна и граничната полиција да се распоредат на територијата на оваа земја во случај на голем прилив на мигранти во ЕУ.
Договорот го парафираше Комесарот за миграции и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, и македонскиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Врз основа на овој договор кога тој ќе стапи на сила, тимовите на европските агенции за гранична и крајбрежна стража ќе можат да бидат распоредени на територијата на Македонија доколку тоа биде потребно.

“Овој договор ќе и овозможи на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража брзо да реагира на миграциските предизвици и да ги заштити нашите заеднички граници и на тој начин целосно да го реализира нашиот потенцијал. Денешниот договор е втор што го парафиравме и се надевам дека преговорите наскоро ќе бидат завршени со други партнери од Западен Балкан се во тек “, изјавил комесарот Аврампулос.

ЕУ веќе склучи сличен договор со Албанија, а преговорите наскоро треба да бидат склучени со БиХ, Србија и Црна Гора.

ЕУ го зајакна мандатот на крајбрежната и граничната полиција, која предвидува можност за распоредување во трети земји со кои ЕУ граничи.

Агенцијата во 2014 година имала помалку од 300 припадници, а по големиот миграциски бран, таа сега е значително зајакната до крајот на оваа година, треба да има 1300 припадници, објави Хина.

Комисијата објави дека на есен ќе предложи крајбрежната и гранична стража до 2020, да има 10.000 припадници. Претходно било планирано дека бројот од 10.000 ќе достигне дури во 2027.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)