Се урна зграда во Индија, има загинати и затрпани

0
248

Најмалку две лица загинаа кога шест катна зграда во изградба се урна минатата ноќ во селото Шахбери, источно од Њу Делхи, соопшти полицијата.
Раоводителот на пожарникарите Арун Кумар Пеј изјавил дека во тој момент во зградата имало најмалку 12 работници и моментално истите се наоѓаат под урнатините. Спасувачките екипи досега пронајдоа две тела, соопшти полицијата.
Шест катната зграда урнала и друга четири катна зграда која била во непосредна близина.
Во текот на ноќта имало повеќе од 100 спасувачи со кранови, и други средства за спасување.
Причината за колапсот на зградата е непозната.
Уривањето на зградите е вообичаено во Индија за време на сезоната на монсуните, од јуни до септември, кога силниот дожд и дополнително ги ослабнува и онака слабите темели.
Во најлошото уривање во последните децении, во Мумбај во 2013 година загинаа најмалку 72 лица.
Извор:(Vijesti / Бета)