Припадници на полицијата во Индонезија убиле 11 лица, кога отвориле оган врз 52 лица кои се противеле на апсење под сомнение дека се ситни криминалци, објавија локалните медиуми.
За време на полициската операција пред Азиските игри, кои се оддржуваат следниот месец, приведени се 2.000 лица.
Вкупно 320 луѓе биле погодени од огнено оружје “како предупредување до другите”, а полицијата не се извинила заради “острите мерки” против криминалците во индонезиската престолнина Џакарта, објави “Raša tudej”.
Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч,и Амнести интернешнал, го осудија остриот напад на полицијата во Џакарта во борбата против криминалот.











