Најмалку 222 луѓе загинаа во поплави и лизгање на земјишта во Јапонија, соопшти Националната агенција за заштита од природни катастрофи.

во
Весникот Japan Times известува дека во последните две недели во 31 перфектура биле регистрирани повеќе од 700 лизгање на земјиштето.
Властите соопштија дека се исчезнати 30 лица. Повеќе од 70.000 луѓе се ангажирани во спасувачките операции во Хирошима, Окајама и Ехиме.
Агенцијата за управување со пожари и природни непогоди соопшти дека во засолништата се наоѓаат околу 6.700 лица. Наредбата за евакуација на 5,9 милиони луѓе беше издадена во 19 префектури.
Во петокот владата издаде одлука да одвои 350 милиони помош за подрачјата погодени од поплави.
Повеќето од жртвите во поплавите и лизгањето на земјиштето се евидентирани во Хирошима, Ехиме, Окајама, Јамагучи, Кјото, Гифу, Шиги, Хјого, Кочи и Фукуоки.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе заради поплавите во земјата ги пролонгира посетите на Европа и Блискиот исток.










