Израел одби да прими десетина сириски бегалци

0
306

Израелските гранични власти во вторникот запреле десетина сириски бегалци кои пристигнале на граничниот премин со Израел.
“Околу 200 Сиријци се приближиле до граничната ограда, ама биле растерани”, изјавил портпаролот на војската Авичај Адраи за агенцијата Анадолу.
Локалните медиуми објавија дека бегалците, од кои некои носеле бела облека, оделе кон границата каде што биле запрени околу 200 метри од оградата.
Според израелскиот весник Хаарец, израелски војник им рекол да се вратат “.
Илјадници сириски бегалци пребегнаа спрема Голанската висоравнина, окупирана од страна на Израел, заради големите операции кои ги започнаа силите на режимот, за да ја повратат југозападна провинција Дера од опозициските групи.
Минатиот месец, висок израелски претставник изјави дека Израел нема да дозволи “ниту еден бегалец” да влезе на израелската територија, ама дека е подготвен да понуди хуманитарна помош.
Сирија само што почна да се опоравува од катастрофалниот конфликт што започна во 2011 година, кога режимот на Асада им се спротивстави на демонстрантите со неочекувано насилство.

Извор:(Vijesti / AA)