Во воздушен напад со барел бомби на Асадовиот режим на едно училиште во градот Кунејтра загинаа најмалку 10 цивили од кои повеќето деца.
Во реализиран воздушен напад со барел бомби од страна на Асадовиот режим на едно училиште во кое биле сместени бегалци во градот Кунејтра во Сирија животот го загубија најмалку 10 цивили од кои повеќето деца.
Сирискиот режим и неговите поддржувачи по заземањето на поголемиот дел од ргадот Дера во близина на границата со Јордан продолжуваат да напредуваат кон границата со Израел кај градот Кунејтра.
Уште три населени места на патот кон градот Кунејтра западно од градот Дера вчера по жестоки судири преминаа во рацете на Асадовиот режим.
Инаку, поголемиот дел од градот Кунејтра кој се наоѓа на границата со Голанските висорамнини кои пак се под израелска окупација, моментално сеуште се наоѓа под контрола на опозициските воени групи.
Воедно на југот на границата во областа наречена Тасил сеуште продолжува присуството и на терористичката организација ДЕАШ.
MD










