Во Црната пустина, во Јордан, пронајден е најстариот рецепт за леб во светот.
Според рецептот стар 14.000-години, брашно од пченица и јачмен се мешат со иситнети корени на растенијата. Потоа се додава вода и се става во рерната.
Претходно се сметаше дека најстарите траги, кои се врзуваат за првиот леб, потекнуваат од период од 9.000 години и биле пронајдени во Каталојук, Турција.
Сепак, ново откритие откриено за време на археолошките ископувања во Црната пустина покажува дека првите траги доаѓаат пет илјади години порано од откривањето во Турција.
Научниците откриле две големи печки, и во секоја од нив биле пронајдени трошки од леб.
Трагите на мелење, ртење и мешање биле пронајдени во остатоците анализирани со микроскоп.
Научниците се обиделе да направат леб според стариот рецепт. Тие рекоа дека вкусот е сличен на денешниот леб со неколку видови зрна.
Дориан Фулер, професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон, истакнува дека тоа е најстариот доказ за правење храна која се користела и се мешала со неколку производи.
“Имале леб, печено месо од газела и тоа го користеле за оброк”, додава тој.
Извор:ТРТ











