Кривична за жител на Калишта кој изградил автокамп без одобрение

0
369

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против 45-годишниот С.Р. од струшкото село Калишта.

Во текот на 2017-та година, пријавениот како инвеститор на сопствена локација во место викано „Село“ атар на струшкото село Калишта, без одобрение, на површина од 2000 м² изградил автокамп, узурпирајќи и дел од Охридско езеро. Пријавениот ја оградил парцелата од западна и дел од северна страна со метални столпчиња и мрежа, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Од извршениот инспекциски надзор од страна на градежен инспектор при општина Струга составен е записник и донесено е решение со кое на пријавениот му се наредува да ја отстрани градбата. (Крај)

извор:Ohridpress/СВР Охрид фото: архива