Џамијата во рамките на кампусот на универзитетот Акдениз во Анталија треба да биде завршена до крајот на годината, а во верската зграда и нејзиниот двор истовремено молитва ќе можат да извршат 15.000 луѓе.

Муфтија Анталијан Осман Артан за Агенцијата Анадолу (АА) изјавил дека изградбата на џамијата во кампусот започна пред осум години и ќе биде најголема религиозна локација во Анталија.
Тој додаде дека џамијата нема само да им служи само на верениците од универзитет, туку и на околните населби.
-Оваа џамија има прекрасна архитектура. Еден дел го отворивме за молитва. Универзитетот во Акдениз го посетуваат 80.000 студенти. Немаше место каде што нашите млади браќа и сестри ќе можеа да извршат молитва. Намаз клањаа во мали месџиди во рамките на факултетот – изјави Артан.
Една од причините зошто конструкцијата траеше толку долго време се трошоците.
– Значителен дел е завршен. Во тек се внатрешните работи и деталите. Се надеваме дека џамијата ќе биде отворена до крајот на 2018 година “, истакнал Артан, укажувајќи на големата поддршка на властите.
Тој додаде дека за да се заврши џамијата се потребни средства во вредност од околу 12 милиони лири (околу 2,12 милиони евра).
– Иако џамијата сè уште не е целосно завршена, околу 3.000 верници пристигнуваат за време на џума намаз каде и ја извршуваат оваа вреска должност. Во долниот дел ќе има библиотека и други простории – соопштил Артан.
Имамот на џамијата Мехмет Косук, изјавил дека џамијата ќе има посебен паркинг, а за жените е одвоен посебен дел кој ќе може да прифати 3.000 верници.
– Верничките ќе можат да влезат во џамијата од три страни. Доколку сакаат, тука ќе можат непречено да го поминат целиот ден со децата. За нив ќе бидат издвоени посебни простории, како што се кујната, дел за хранење на деца и слично – објаснил Косук.
Тој, исто така, ја истакна и големата поддршка на градските власти кои бесплатно ја уредуваа надворешноста околу џамијата.
Косук додал дека џамијата, која ќе биде една од најголемите во Турција, ќе има добра позиција, бидејќи во околните три населби има само еден верски објект.
– Потребата за таква голема џамија ќе биде видлива кога работите ќе завршат, и кога ќе дојде времето за џума и теравија намаз. Веќе дури сега доаѓаат многу верници на џумма. Кога ќе заврши, во неа заедно со надворешните делови истовремено ќе можат да клањаат 15.000 луѓе истакнал Косук.
Студентите се горди да ќе имаат таква џамија во рамките на кампусот на Универзитетот.
Џамијата е изградена во селџучки, отоманскиот и модерен стил и се протега на површина од 35 дунуми.
Четирите минари, со висина од 86,5 метри, потсетуваат на стилот што е користен кај џамијата Селимија.
За изградбата на џамијата, потрошени се 10.000 тони зидан камен.

Извор:Faktor/AA