Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска по телефон разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, јави агенцијата Анадолу (АА).
Канцеларијата за односи со јавноста на турскиот претседател соопшти дека Ердоган и Трамп за време на разговорите ја истакнале важноста од зајакнување на билатералните врски и соработката меѓу Турција и САД.
Во соопштението се наведува дека Ердоган и Путин, исто така, се согласија со потребата да продолжат да ги решаваат темите за кои разговараа на неодамнешниот самит во Брисел на Северноатлантската алијанса (НАТО).
Ердоган и Трамп, исто така, разговараа за ситуацијата во Сирија и ја истакнаа важноста од продолжување на турско-американската соработка за реализација на патоказот за решавање на проблемот во Манбиј.
Од канцеларијата на Ердоган е соопштено дека една од темите на разговорите со Трамп била турско-американската соработка во областа на правдата, а двајцата лидери се согласија за потребата за зајакнување на билатералните односи во сите области.
Ердоган му посакал успех на Трамп на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки. Турскиот претседател додал дека ова е важен самит.
Извор:Faktor










