Рекорден број на убиени цивили во Авганистан

0
356

Со порастот на самоубиствени напади зад која стои вооружената група Исламска држава Ирак и Левант, во Авганистан, во првата половина од годината заележан е рекорден број на убиени, и покрај едномесечното примирје, предупреди ОН.
Бројот на загинатите се зголеми за еден отсто и се искачи во првите шест месеци на 1.692, додека бројот на повредени падна за 5 отсто на 3.430, се вели во најновата мисија на ОН во ОН во Авганистан.
Надежите дека еден ден во Авганистан може да се постигне мир пораснаа минатиот месец, кога беше договорено тридневно примирје за време на Рамазан.
Тогаш можеле да се видат до тогаш невидени сцени на талибански борци и припадници на безбедносните сили на улиците на Кабул и другите градови.
– Ова кратко примирје покажа дека борбите можат да бидат суспендирани и дека авганистанските цивили повеќе не мора да го носат главниот товар на војната – изјавил Тадамичи Јамамото, висок официјален претставник на ОН во Авганистан.
Најмногу самоубиствени напади биле извршени во Кабул и во главните градови на провинциите во Авганистан, како што е Џалалабад.
Забележана е и зголемена активност на ИСИЛ во источната провинција Нангархар.
Стотици цивили беа убиени во нападот врз шиитски храмови, владини канцеларии, хуманитарни здруженија, избирачки места и спортски настани.
ИСИЛ е одговорен за повеќе од 50 проценти од цивилните жртви во нападите на бомбардирање и самоубиство, а околу 40 проценти му се припишуваат на Талибанците.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)