Ердоган: Нема да дозволиме да се заборави и нема да заборавиме на 15 јули.

0
653

Претседателот Ердоган во претседателската палата во Бештепа во Анкара се состана на ручек со семејствата и блиските на шехидите и газиите каде што рече: „Нема да дозволиме да се заборави и нема да заборавиме на 15 јули“.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во рамките на одбележувањето на 15 јули Денот на демократијата и националното единство во претседателската палата (куллијето) во Бештепа во Анкара се состана на ручек со семејствата и блиските на шехидите и газиите.

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган по повод 2-рата годишнина од неуспешниот предавнички обид за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули 2016 година рече: „Нема да дозволиме да се заборави и нема да заборавиме на 15 јули“.

Ердоган рече: „Бројот на терористите кои ги неутрализиравме во текот на оваа година со реализираните операции внатре во границите на земјата и на северот на Ирак изнесува приближно 1.400.“

Ердоган истакна дека со новиот систем на управување им е одземен од рацете уште еден адут на оние кои ги блокираа механизмите за одлука и имплементација по што ја усмеруваа Турција онака како што сакаа.

„Единствена цел на предавничката чета ФЕТО/ПДЈ исто како и ПКК, ДЕАШ и другите терористички организации, се единството, слогата и иднината на нашата земја“. – рече претседателот Ердоган и својот говор го продолжи со следните зборови:

„Како земја и како народ оваа борба секогаш ја водевме со нашето верување и со нашата кауза. Оној кој сака да ја открие тајната на јунаштвото кое што го презентираше нашиот народ ноќта на 15 јули треба да погледне кон оваа голема борба која што продлжува со векови. Нема да завршат оние кои ќе дојдат после ФЕТО/ПДЈ. Ќе ги откриеме и ќе ги уништиме сите ќелии и пори во кое ќе се вовлечат тие. Нема застанување. Нема да дозволиме да се заборави и нема да заборавиме на 15 јули. На нашиот народ веќе му е здосадено она кое што со векови го доби и постигна со својата крв, својот живот и со својата сопствена сила, потоа да го изгуби на маса со игри, интриги, со дипломатски стапици, со небрежност и дури и со предавство. Ние нема да изгубиме. Одлучни сме да не ги доведеме во опасност на маса сето она кое што го добивме во име на пролеаната крв на нашите шехиди (паднати борци), самопожртвуваноста на нашите газии (борци) и во име на борбата на милиони кои го жртвуваа својот живот на овој пат.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека оние кои се обидуваат да го направат безначаен 15 јули ги изнесуваат својата надменост-ароганција, својата омраза против земјата и народот кои што ги акумилираат во сопствените души.

„Нема да запреме во борбата против ФЕТО. Ќе ги откриеме и ќе ги уништиме сите ќелии и пори во кои се вовлече“, рече Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека Турската армија неутрализирала речиси 1.400 терористи во 2018 година, во операциите во Турција и во северен Ирак.

извор: Trt.

MD